Баш како да сте во Грција! Цаѕики е една од омилените салати, а еве кои намирници ви се потребни.
Состојки: 300 грама грчки јогурт; 1 краставица; 3 супени лажици јаболков оцет; 1/2 лажичка копар; 2 супени лажици маслиново масло; прстофат сол; бибер.
Подготовка:
Измијте ја и изрендајте ја краставицата во сад на кој претходно сте ставиле хартија. Додадете сол и една лажица јаболков оцет. Максимално исцедете ја хартијата на која претходно сте ставиле сè, фрлете ја хартијата и вратете ги намирниците назад во садот.
Додајте го јогуртот во смесата и уште две лажици маслиново масло. Ситно исецканиот лук прво промешајте го со маслиново масло, а потоа ставете го во останатиот дел од смесата.
На крајот додадете копар, сè заедно измешајте и ставете ја смесата во фрижидер да се излади.
Добар апетит!