Овен (21.03 – 20.04)
Ви се препорачува внимателност во деловната комуникација со лицата кои не ги познавате. Не е добро да се впуштите во нешто такво. Во љубовта се можни заладувања првенствено поради недостатокот на време кое треба да му го подарите на партнерот.
Бик (21.04 – 21.05)
Добри вести од странство, можеби не би било лошо да се позанимавате со обновување на знаењето на странски јазици. Многу важни разговори ве очекуваат со партнерот за видот на врската и нејзиниот тек, а бидејки ќе бидете во право ќе успеете да ја решите ситуацијата во своја корист.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Стабилна деловна ситуација но ќе морате доста да работите на средување на административните прашања во врска со некои недвижнини. На љубовен план не се исклучени ниту авантурите, а лицата кои можат да бидат актуелни се земјените знаци.
Рак (22.06 – 22.07)
Неочекуваните деловни понуди се пред вас, па би било добро на некој начин да ја поправите психофизичката ситуација со цел да бидете подготвени на сите искушенија. На љубовен план може да дојде до заладување затоа што партнерот не ви обрнува премногу внимание, а тоа вас ве нервира.
Лав (23.07 – 22.08)
Неочекувани деловни понуди се пред вас, па би било добро на некој начин да ја поправите психофизичката ситуација со цел да бидете подготвени на сите искушенија. На љубовен план ќе дојде до зајакнување на односите и емоциите, па ќе ви биде навистина убаво и пријатно.
Девица (23.08 – 22.09)
Доколку му се доверите на некого ве очекува разочарување. Не прифаќајте ја понудата за која не сте во целост сигурни бидејќи може да ве однесе во погрешна насока. Емотивната ситуација ви е доста добра, а оние кои се сами ќе имаат некоја нова понуда.
Вага (23.09 – 22.10)
Можна е награда поради добро сработената работа во вид на непланирана но сепак добредојдена добивка. На љубовен план ќе дојде до стабилизација, партнерот ќе ви понуди да направите неколку заеднички посмели чекори.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Неактиви сте, па малку ќе ги избегнувате работните задачи, а тоа нема да ви донесе последици. На љубовен план ќе се изненадите од вашиот партнер и неговото внимание, па така тој занес ќе трае некое време.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе бидете задоволни поради она што ќе го постигнете. Ќе успеете да покриете некои важни трошоци. Љубовната ситуација полека се поправа на ваша радост. Проверете ја здравствената состојба.
Јарец (22.12 – 20.01)
Некои неочекувани деловни активности ќе ве израдуваат. Ве очекува и некое кратко патување кое ќе ви причини задоволство. Никако не навлегувајте во расправа со партнерот бидејќи врската би можела да дојде во прашање.
Водолија (21.01 – 19.02)
Добро се концентрирате на работата која ја обавувате и ќе успеете. Ќе имате прилика да ги покажете вашите таленти и да направите нешто што никој не го очекувал од вас. Може да очекувате мали несогласувања и препирки во односот со партнерот.
Риби (20.02 – 20.03)
Максималната ангажираност ќе ви ги поправи финансиите и ќе можете на себе си да си дозволите купување на некои вредни нешта. Љубовната ситуација ќе ви биде стабилна и под ваша контрола. Осамените близнаци ги очекува некоја убава понуда.