Брзо и едноставно: Нутела бисквити – чудо од три состојки

ИЗВОРНов Лист
|

Потребни состојќи за овој рецепт:

1 шолја Нутела или друг чоколаден намаз, 1 шолја брашно и 1 јајце.

Постапка за приготвување:

Со жица за матење изматете ги Нутелата и јајцето, па постепено додавајте брашно и мешајте додека да се соедини. По желба додадете сечкани јаткасти плодови. Моите имаат ореви, а ставив и една тајна состојка – малку маскарпоне сирење. За целосно совршенство можете да ги полните и со Нутела.

Со лажица црпете од смесата, со раката обликувајте топчиња, сплоснете ги и редете ги на хартија за печење.

Бисквитите печете ги на 180 степени 7 до 10 минути, додека на површината малку да испукаат. Тукушто испечените бисквити се меки, па затоа оставете ги да изладат за да станат крцкави.

И ете, за кратко добивате Нутела бисквити – чудо од три состојки, не може побрзо и поедноставно.

Во продолжение ви предлагаме и уште еден рецепт.

Потребни состојки: 200 г сусам, 1 лажица масло, 200 г бел локум, 200 г желе бонбони или крем бананчиња

Постапка:

Рецептот навистина е многу едноставен. Пропржете 200 г сусам со една лажица масло на тивок оган додека да зарумени, со постојано мешање.

Потоа додадете 200 г бел исечкан лук, па мешајќи изедначете ја смесата.

Ставете фолија на триаголен калап и ставете малку од смесата притискајќи. Потоа наредете 200 г желе бонбони или крем бананчиња.

Преостанатата смеса ставете ја преку желе бонбоните и убаво притиснете и израмнете од сите страни.