ВЛАЖЕН ВОЗДУШЕН БРАН СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА – УТРЕ ВРНЕЖЛИВО НА ПОВЕЌЕ МЕСТА

ИЗВОРНов Лист
|

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи, а ќе дува и умерен до засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 29 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.

Потоа под влијание на влажен воздушен бран, утре на повеќе места ќе има врнежи од дожд, додека од недела повторно времето ќе биде постабилно и релативно суво, иако ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Повторно услови за локална нестабилност во попладневните часови ќе има во вторник. Температурите, особено утре ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени, додека од недела истите повторно ќе бележат тенденција на значителен пораст.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.