Дали сте знаеле дека „Zara“ има тајни симболи на етикетите? Со помош на нив ќе ја пронајдете совршената големина

ИЗВОРНов Лист
|

Постои еден трик кога станува збор за парчињата на „Zara“ постојано нѝ бил пред очи, а не сме биле свесни за тоа. Ако „Zara“ е вашата омилена шопинг дестинација тогаш убаво е да знаете.

Еден корисник на ТикТок со прекар „Officially Outfits“ тврди дека облеката на „Zara“ има таен симбол на етикетата со цена, кој открива дали гардеробата е во согласност со вашата вообичаена големина или сепак треба да посегнете по поголем или помал број. Целата работа е во кројот и нема врска со тоа дали сме ослабнале или можеби „накачиле“ некој килограм повеќе.

„Не сте сигурни која големина треба да ја одберете во „Zara“?“, пишува на почетокот на видеото.

„Малиот квадрат околу дупчето низ кое поминува конецот значи дека големината е исправна. Земете ја својата вообичаена големина. Триаголникот околу дупчето значи дека моделот е со помал крој, па слободно земете поголема величина“, стои во објавата.

Во меѓувреме, уште еден корисник на ТикТок ја поддржал ваквата теорија, велејќи дека член на персоналот на „Zara“ го потврдил ова.