Сакате некој кој е во овој хороскопски знак? Пазете се

ИЗВОРНов Лист
|

Доколку сте се заљубиле во некој од овој знак, бидете многу внимателни, бидејќи тие не сакаат сериозни врски, па би можеле да ве остават со скршено срце. Се работи за БЛИЗНАЦИТЕ.

Не сакаат да се чувствуваат врзано и се повлекуваат ако некој ги гуши. Со оглед на тоа дека времето им е многу важно, може да избегнуваат врзување од страв дека ќе направат погрешна одлука, поради која ќе го изгубат драгоценото време. Склони се на флертување и изневерување, бидејќи сакаат да се докажуваат и обожуваат луѓето да им го дигаат егото. Сакаат кога се во центарот на вниманието, и често повеќе вреднуваат површни работи.

Општи карактеристики за близнаци

Мозокот и устата на близнаците им се како експресна машина, секогаш се движат со неверојатна брзина. Тоа е така зашто овој знак е управуван од Меркур, планетата на комуникацијата. Оваа планета исто така е симбол на технологијата и умот, правејќи ги близнаците едни од најљубопитните знаци во хороскопот.

Ако сте родени во овој знак вие секогаш се стремите да соберете максимално количество информација и сакате да учите нови работи. Кога се двајца, забавата е двојно поголема. Во вас секогаш постојат најмалку две личности. Таа ваша двојна природа ви помага многу полесно да ги решавате проблемите, но од друга страна многу често се откажувате и сте непостојани.

Можете да исполнувате повеќе дејности едновремено, умеете да ги инспирирате другите, но не останувате долго време верни на една идеја.