Тест од 5 секунди открива дали месото кое што го купувате е свежо или пак расипано – погледнете

ИЗВОРНов Лист
|

Бојата, количината вода и шаренилото со бели пруги открива колку месото стоело на полиците во продавница и дали е добро за подготовка. Избегнете невкусни јадења и летно труење со храна во само неколку чекори. Месото во продавниците пристигнува во разни облици и не е секогаш лесно да се препознае кое е свежо и квалитетно, особено доколку е мелено.

Најдобро е да купувате домашно, но тоа не е секогаш можно. Добро е да им дадете предност на производите од регионот кои што поминале пократок пат до продавница, но освен информацијата за пакување важно е да внимавате и на изгледот на месото.

Иако многу од луѓето мислат дека е нездраво, мрсното месо влијае многу на неговата арома, вели Елизабет Роесик од Германскиот земјоделски центар.

Квалитетното месо мора да има внатрешни масти, а тоа се гледа по белите линии налик на вени на самото месо.

Освен тоа, доколку купувате пакувано месо, во него не смее да има вода. Пред да го земете, потребно е добро да го проверите, а за тоа не ви се потребни повеќе од 5 секунди.

Доколку месото ”лежи” во кр*ава вода, тоа значи дека е старо.

Идеалната боја на месото зависи за какво месо станува збор. Телешкото мора да има светла боја, но не бела. Говедското треба да има средно-црвена боја, но не претемна. Свинското треба да биде светло-розово.