Ново име на музичката сцена кое ветува: Деби со „Животот е како игра“

ИЗВОРНов Лист
|

После пет години активна работа, Александар Ристовски ја сними својата прва авторска песна која што го носи името „Животот е како игра“. Станува збор за тема која што е комлетно негово авторско дело, додека, пак, мастерот го потпишува Дејан Момировски.

Кадрите за видеото се снимени во „Вила Марија“ во Демир Капија, во спотот, покрај Александар се појавуваат и убавите Марија Раичка и Нена Ватманиду, како и машкиот дел од екипата – Боби и Давор. На виолина свири Ане Миров.

„Ова е мое деби, долго време работев на него и искрено се надевам дека публиката ќе ја прифати песната и ќе им се допадне. Рефренот е направен со многу љубов, работа и посветеност, а освен што учествував во целосната изработка на композицијата, исто така сам го осмислив и сценариото за спотот и приказната која што ги отсликува самите стихови, како и пораката која што ја носи „Животот е игра““, рече Александар кој што во последните неколку години живее и работи во Швајцарија.

За изгледот на Александар во видеото се погрижи бутикот „Голден Гарден“ од Велес.Инаку Ристовски е клавијатурист , има свој бенд во Швајцарија кој што се вика „Стринг арт“ и заедно со него често настапува.

„Музиката е моја голема љубов, во Швајцарија имам свое студио, бенд со кој што работам. Во моментов поради пандемијата со коронавирус настапите стагнираат, па затоа решив да одам чекор понапред и да снимам нешто авторско. Не планирам тука да застанам, наскоро следуваат уште многу новитети од мене“ , порача Александар.

Видеото за „Животот е убав“ можете да го видите во линкот во продолжение: