Брза кафе- торта: Шолја брашно, шолја шеќер, 2 јајца и добивате ароматично совршенство

ИЗВОРНов Лист
|

Што е повкусно во студените денови од парче десерт со арома на топло кафе? Токму вакво задоволство ви имаме подготвено денес, односно во продолжение откријте го рецептот за ароматичната и брза кафе-торта.

Брза кафе-торта со моќна арома

Потребни состојки
Половина шолја кисело млеко (100 мл),4 кафени лажици растворливо,кафе,2 јајца,1 шолја шеќер,100 гр путер,1 шолја брашно (130 гр),1 кафена лажица сода бикарбона,Малку оцет,200 мл кисела павлака + 3-4 супени лажици шеќер


Начин на подготовка
Земете половина шолја кисело млеко од најобичното со 2,5 % масленост и кон истото додадете 3 кафени лажици растворливо кафе и добро измешајте ги состојките.

Важно е млекото да не биде ладно и притоа кафето треба да се раствори во него. Измешајте ги состојките и оставете да отстојат 20 минути.

Јајцата исто така треба да бидат на собна температура. Скршете и изматете ги, до добивање на пена. Следно, додадете го шеќерот и матете дополнителни 3 минути, до целосно растворање на шеќерот, а потоа додадете го омекнатиот путер.

Следно, во смесата додадете го киселото млеко со кафето и добро измешајте ги сите состојки заедно. Додадете го и брашното и повторно измешајте, до добивање една соединета смеса. За мешањето употребете миксер.

Измешајте ја содата со малку оцет, а добиената смеса додадете ја кон претходното тесто и добро измешајте ги состојките.

Додадете го тестото во сад покриен со хартија за печење или премачкан со масло за готвење и поставете ја смесата да се пече на 160-170°C, за околу 50-60 минути.

Откако тестото ќе биде готово, оставете го истото да се излади, а во меѓувреме подгответе го кремот.

За таа цел, измешајте 1 кафена лажица растворливо кафе, кисела павлака и 3-4 супени лажици шеќер (може и шеќер во прав). Добро измешајте и оставете ја смесата да отстои, додека кафето добро да се раствори.

По поливина час, пресечете го тестото на два дела и секој дел премачкајте го со крем, почекајте 15 минути, за да се впие првиот слој, а потоа нанесете и втор слој.

Следно, соединете ги овие два дела и со остатокот од кремот, премачкајте ја целата торта. Одзогра декорирајте со изрендана чоколада, а по желба може да додадете и јаткасти плодови или овошје.

Пријатен апетит!