Марта се најде во центарот на вниманието поради својот изглед и преку ноќ доби над 100.000 нови следбеници на Инстаграм.
Марта Барцок, по натпреварот помеѓу Полска и Словачка, беше во центарот на вниманието на јавноста, бодрејки го полскиот тим од трибините.
Полската навивачка реши по Санкт Петербург да се појави и во Севиља каде ја бодреше својата репрезентација на стадионот Ла Картуја.
Tаа повторно беше во провокативно издание на кое многу фанови кои беа на трибините не можеа да му одолеат, па побараа да направат селфи или фотографија со неа, а можноста да и земат изјава, ниту новинарите не ја пропуштија.
Откако Полјаците им одзедоа бод на Шпанците, една од причините што наводно ја наведоа е Марта, која го одзеде здивот и вниманието на противничките навивачи.