Археолози открија островска населба покрај хрватскиот брег стара 6000 години

ИЗВОРНов Лист
|

Археологот Мате Парица ги испитувал сателитските снимки на крајбрежјето на Хрватска кога забележал нешто необично.

„Помислив: можеби е природно, можеби не“, рече Парица, професор на Универзитетот во Задар.

На сликата се гледа голема, плитка област на морското дно што се издвојува од источниот брег на островот Корчула.

Парица и еден негов колега решија да нуркаат на тоа место и открија, според нив, неолитска населба од околу 4500 години п.н.е., изградена на мало парче земја што беше поврзано со главниот остров со тесна лента.


Двојката пронашла остатоци од камени ѕидови кои ја опколиле населбата, како и алатки и други предмети што ги користеле жителите.

„Најдовме неколку керамички предмети и кремени ножеви“, рече тој.


Марта Калебота, која раководи со археолошката колекција во градскиот музеј Корчула, рече дека локацијата на населбата е многу невообичаена.

„Во моментот не сме свесни за слично откритие на друго место на кое е изградена неолитска населба на островче поврзано со тесен појас на земја“, рече таа.


Парица, исто така, рече дека откритието на островската населба е нетипично и дека неолитските наоди биле најчесто направени во пештери.

“Среќна работа е што оваа област, за разлика од повеќето делови на Медитеранот, е безбедна од големи бранови, бидејќи многу острови го штитат крајбрежјето. Тоа секако помогнало да се зачува локацијата од природно уништување”, рече тој.