Леонтиј беше римски војвода во финикискиот град Триполис, во времето на царот Веспазијан. Родум од Елада, „растолит, снажен, крепок и храбар во битките.“ Царскиот намесник Адријан испрати еден одред војска за да го фати Леонтиј, зашто Адријан им беше јаросен противник и гонител на христијаните. Старешината на тој одред, Ипатиј, по пат се раболе од лута треска, па одредот мораше да го забави својот од. Една ноќ му се јави ангел Божји на Ипатиј, велејќи: „Ако сакаш да бидеш здрав, возвикни трипати кон небесата ти и сите твои војници: „Боже Леонтиев, помогни ми!“ Ова свое видение Ипатиј им го раскажа на своите другари и тие сите едногласно возвикнаа како што ги посоветува ангелот. Ипатиј одеднаш оздраве. Ова чудо ги восхити сите, а особено некој Теодул. Тогаш Ипатиј и Теодул отидоа напред, да го најдат војводата Леонтиј.
А Леонтиј ги прими убаво и ги нагости. Кога им ја изложи својата вера во Христа, нивните срца се разгореа со љубов кон Него, и во тој час светол облак се спушти над Ипатиј и Теодул и од облакот падна на нив роса. Со ова Самиот Дух Божји ги крштеваше новообратените души, а Свети Леонтиј во оној миг ги изговори овие зборови: „Во името на Пресвета Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух“.
Преподобен Леонтиј канонарх печерски
Преподобниот Леонтиј на рана возраст стапил во Киево-Печерскиот манастир кадешто примил монашки потстриг. Имал прекрасен глас, и кога се изучил во писмото, го исполнувал послушанието на канонарх. Се претставил доста млад, во XIV век, а заради себеодрекувачкиот подвиг на спасението од Бога е прославен со благодатниот дар на чудотворење. Неговите мошти се наоѓаат во далечните пештери.
Преподобен Леонтиј прозорлив
По потекло Грк од Пелопонез. Се подвизуваше во манастирот Дионисијат шеесет години и се престави кога имаше осумдесет и пет години, во 1605 година. За овој светител велат дека само еднаш влегол во манастирот и само еднаш излегол од него во текот на сите тие шеесет години. Имено, влегол тогаш кога првпат стапил во манастирот Дионисијат, а излегол тогаш кога мртов го изнеле за да го погребаат. Имал чудесен дар на прозорливост и пророкување, а по смртта од неговите мошти потекло миро.