Овен (21.03 – 20.04)
Ве очекува многу успешен период. Важно е да направите дополнителен напор на разни деловни полиња во текот на целиот ден. Ве очекува сатисфакција, признавање од некој и напредување во брзо време. Во полето на љубовта се останува исто.
Бик (21.04 – 21.05)
Мирен ден кога станува збор за работата. Се ќе сработите без многу замарање. Аспектите се многу поволни за брак и за проширување на семејството. Преиспитајте ги своите критериуми и дадете го максимумот со цел да го продолжите животот на поинаков начин.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе почувствувате потреба за љубовно зближување или нова романса. Препуштете им се на вашите чувства и нема да погрешите. Новите случувања кои ќе ве исполнат со големо задоволство или љубовна среќа ќе бидат дополнителен стимул. Поведете сметка за психолошката состојба.
Рак (22.06 – 22.07)
Ќе морате посериозно да ја дефинирате досегашната ситуација во својот приватен и деловен живот. Одредени околности ќе ве натераат да преземете поголема одговорност. Доколку се наоѓате во долга врска можни се одлуки за заеднички живот или брак.
Лав (23.07 – 22.08)
Новите случувања на деловната сцена налагаат жесток старт или зголемени ривалски односи. Потребно е да ги употребите сите свои способности со дел да ја зачувате добрата деловна позиција. Поминувајте повеќе време надвор.
Девица (23.08 – 22.09)
Ви претстои сјајна прилика да остварите зголемена заработка, подобра статусна позиција, поголема популарност во деловните кругови. Важно е да делувате строго професионално, како и да се држите до пробаните формули кои гарантираат сигурен успех.
Вага (23.09 – 22.10)
Не си дозволувајте проблеми или да постанете жртва на љубоморните интриги и тоа поради некоја личност која не ви е толку блиска. Со поттикнувањето на емотивното ривалство се зголемува незадоволството. Посетата на подалечен роднина ќе ве натера на размислување.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Важно е правилно да се информирате за сите можности кои ви стојат на располагање и да ја сочувате вашата деловна или статусна позиција. Прифатете ги новите деловни можности кои ви ветуваат напредок, добра заработка и подобри услови.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Насочете ја целата своја креативна енергија кон приоритетите, а потрудете се и да делувате истовремено на повеќе страни. Понекогаш се изгледа можно или достижно, особено ако ве следи среќата и поддршката од пријателите.
Јарец (22.12 – 20.01)
Морате да имате доволно трпение и доволна мудрост во смислувањето на добри потези, но немојте да ги надминете своите овластувања кои се регулирани со заедничкот договор или партнерството. За некој да ги прифати вашите идеи, потребно е да поттикнете заедничка соработка.
Водолија (21.01 – 19.02)
Партнерот ве става на маки очекувајќи да ја признаете својата грешка. Размислете добро како ќе го завршите непријатниот разговор. Изложени сте на различни притисоци и често се наоѓате под стрес.
Риби (20.02 – 20.03)
Напредувањето на работа не подразбира лесен семеен живот. Ќе се појават нови обврски и ќе морате да им посветите помалку време на драгите лица. Кога станува збор за љубовта работите можат да се искомплицираат доколку не ги дефинирате јасно своите приоритети.