Убедени се дека се незаменливи, бесчувствителни се и пргави, а критикуваат и мразат сè и сешто. Тоа се хороскопските Јарци.
Сметаат дека нивниот збор треба да биде последен и дека секоја нивна мисла треба без приговор да се ислуша. Кога се на врвот, способни се да станат тирани, а кога се во подредена положба, им се умилкуваат на сите над нив.
Она што се крие над ладната надворешност се несигурност, страв од самите себе, страв од другите, страв од неуспех, страв од емоции. Поточно, се плашат од сè.
Иако изгледа како секогаш да се контролираат, кога ќе ги надвладее бес, знаат да бидат многу груби и агресивни.
За нив се верува дека се многу себични, а спремни се да бидат во врска со некој иако мислат дека таа личност не е за нив.