Доколку сте обожавател на месото и сакате да го јадете во секаков облик, овој рецепт сигурно ќе ви се допадне. Лесковачката скара е една од најубавите, но доколку знаете како да ја подготвите истата ќе можете да ја направите во домоашни услови и ќе биде поубава дури и од купечката. Ова е специјалитет кој ќе го правите постојано.
СОСТОЈКИ: 500 гр мешано мелено месо, 50 гр сува сланина, 100 гр кашкавал, 2 чешњниа лук, 1 лута пиперка, сол и бибер.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Меленото месо добро измешајте го. Сланината и кашкавалот исечкајте ги на коцки и измешајте со месо. Додајте и ситно сечкан лук и пиперка, па замесете. Со влажни раце од оваа маса правете уштипци.
Печете ги на добро загреана скара. Добар апетит!