УХМР најавува нестабилно време со поројни дождови и грмежи

ИЗВОРНов Лист
|

Времето денес променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. УВ=7

Од утре не очекува променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер претежно во планинските подрачја. УВ=7

До вторник ќе се задржи променливо облачно и посвежо време, наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, чести електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и услови за појава на град.