Хороскопски знаци кои ќе ве остават без објаснување

ИЗВОРНов Лист
|

Доколку се чувствуваат запоставено и мислат дека врската не функционира добро, овие хороскопски знаци ќе ве остават без никакво објаснување.

Откријте кои знаци најверојатно ќе ве остават ненајавено.

Овен

Овните живеат спонтано и авантуристички и постојано го менуваат своето мислење. Овенот за момент може да помисли дека е лудо заљубен во вас, а веќе во следниот да ве остави без предупредување. Бидете уверени дека нивната неподготвеност нема никаква врска со вас. Тие трчаат од личност до личност затоа што не знаат точно што сакаат.

Девица

Девиците секогаш се оптоварени со обврски. Тие имаат бурен живот. Ако им се допаѓате, врската ќе функционира. Но, ако тие не ве сакаат, тогаш тие воопшто нема да бидат нежни и ќе исчезнат „без да трепнат“. И згора на тоа, тие се убедени дека тоа е всушност вистинскиот потег. Вие само треба да разберете дека веќе не сте интересирани за нив и дека треба да продолжите понатаму со животот.

Вага

Вагата секогаш има добри намери. Тие воопшто не се обидуваат да бидат сурови. Но, нивниот проблем е да се соочат со другите. Кога ќе сфатат дека врската не функционира, тие ќе се обидат да исчезнат што е можно побрзо. Никогаш нема да објаснат зошто решиле да ве остават затоа што таков разговор би бил премногу болен за нив, а не само за вас. Идејата дека ќе ви го скрши срцето многу влијае врз нив. Затоа за нив е полесно да исчезнат и да се надеваат дека ќе разберете. Вагата се надева дека ќе се смирите и ќе ја заборавите неуспешната врска со нив.