Доколку сакате на лесен и брз начин да направите нешто благо, а притоа да немате грижа на совеста, ви го предлагаме овој колач.
Ангелскиот колач, кој е една од омилените слатки работи во Америка, името го добил заради тоа што е лесен, воздушест и бел. Затоа што нема х*лестерол и маснотии и има многу мал број калории, дозволен е и во диетите. За негова подготовка се потребни околу 50 минути.
Потребни состојки: 12 белки на собна температура, 120 г брашно, ¼ мала лажичка сол, 1 мала лажичка прашок за печиво, 200 г шеќер, 2 мали лажички екстракт од ванила.
Начин на подготовка: Добро изматете ги белките со миксер и додајте го шеќерот. Измешајте ги останатите состојки и додајте ги во изматените белки. Загрејте ја рерната на 170° C. Во подмачкан сад за печење ставете ја подготвената смеса. Најдобро е садот да биде со дупка на средината, како оној за правење куглоф. Така колачот подобро ќе се испече. Печете го колачот од 30 до 40 минути, додека не добие жолта боја и додека малку не спласне. Почекајте да се излади, а потоа внимателно извадете го од калапот. Може да го комбинирате со шлаг и свежо овошје.
На здравје!