Свеќата што ќе ја изберете има многу важна порака за вас.
1. Вие сте многу комуникативна личност. Вие ги мотивирате другите луѓе и токму ова е причината која ќе ви донесе лично исполнување. Искреноста и чесноста се најважните карактеристики за вас.
Вие сте многу отворени кон луѓето и секогаш го кажувате тоа што го мислите. Некои луѓе можеби не се подготвени или не сакаат да го слушнат тоа што вие имате да го кажете.
Затоа, споделувајте ги само оние информации што мислите дека им се важни на другите луѓе.
2. Вие сте многу страсна и романтична личност. Се вљубувате многу лесно. Семејството и врските ви се најважни во животот.
Имате големо срце кое е исполнето со љубов. Имате чиста аура и затоа треба да бидете опкружени со добри луѓе.
3. Вие сте емпатична личност. Имате многу цврст карактер и секогаш го добивате она што го сакате. Вие не можете да се одморите додека не ги решите проблемите што ви стојат на патот.
Секогаш сакате да им помогнете на луѓето и тоа е многу добра особина. Но, треба да им помагате на луѓето кога тие ќе ве побараат помош од вас.
Фокусирајте се на една главна цел. Секогаш е подобро да направите една работа совршено отколку сто површни.