Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес попладне и навечер ќе има зголемена облачност. Локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите има услови да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со пообилен пороен дожд, силни електрични празнња, силен ветер и со појава на град. Затоа во случај на појава на НЕВРЕМЕ, и на електрични празнења на граѓаните ги СОВЕТУВАМЕ да бидат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ.
Максималните температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени во најтоплите предели од државава.
Во Скопје и околината, исто така ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Максималната температура ќе се искачи до околу 35 степени, што значи дека истата ќе биде за 3 до 4 степени пониска за разлика од изминатите денови.
Потоа од утре следува стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе бидат околу просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука