Очекувајте позитивен одговор или одредено признание за вашата работа – Дневен Хороскоп

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Очекувајте позитивен одговор или одредено признание за вашата работа. Но до вас допираат и неодредени коментари и нечие негодување. Немојте да дозволите некој да ве испровоцира на имплусивно однесување и донесување погрешна одлука. Саканата личност очекува доследно исполнување на ветувањата. Повеќе време посветете на рекреација.

Бик (21.04 – 21.05)

Постојат различни недоразбирања во бизнис преговорите, што ви дава за право да инсистирате на вашите цели и докажување на истите. Доколку ви е важно да остварите бизнис успех, потребно е да превземете одговорност за вашите постапки. На средба со саканата личност делувате напнато и дезориентирано.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Делувате незаинтереснирано за одредени теми кои бараат дополнителен бизнис ризик. Сепак, ладниот тон и стилот на одбивање наидува на лошо ехо во бизнис круговите. За жал, несвесно поттикнувате бизнис ривалитет. Чувствувате емотивна тензија во нечие присуство. Важно ви е да го откриете завидното однесување на партнерот.

Рак (22.06 – 22.07)

Се колебате меѓу две бизнис-финансиски понуди. Меѓутоа, ќе се покаже дека ниту една од нив не одговара на решенијата кои ќе ги задоволат вашите очекувања. Потребно е да промените некои основни правила во договорот со соработниците поради поголем успех. Можно е во наредниот период да имата помала хируршка интервенција.

Лав (23.07 – 22.08)

Заклучувате дека ви недостига широка поддршка и проверени информации за основните случувања на бизнис сцената. Немојте да дозволите тоа негативно да се одрази на нивото на бизнис соработката или на резултатите кои ги очекувате од заедничката акција. Потребно ви е нечие искрено размислување и емотивна поддршка.

Девица (23.08 – 22.09)

Договорот со една личност укажува на можни недоразбирања и потенцијален неуспех. Ви недостига добар увид во различни тековни бизнис случувања. Достоинствено прифатете го поразот како отрезнување и нова лекција во бизнис односите. Делувате премногу резервирано и недоверливо. Во периодов треба повеќе да одмарате.

Вага (23.09 – 22.10)

Ненадејна бизнис непријатност или судир со една личност ќе ве натера работите да ги гледате со други очи. Избегнувајте чувствителни теми кои претставуваат потенцијален ризик за вашиот бизнис или друштвен изглед. Бидете доволно внимателни. Важно е правилно да ја процените нечија улога и емотивни намери.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не можете да ги промените основните услови или расположение кое владее во бизнис круговите. Плановите кои ги имате зависат од нечие влијание и волја. Немојте да дозволите во вас да превладее суетата или желбата за победнички триумф. Морате да имате доволно трпение за своето семејство. Држете се настрана од топлото сонце.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Доколку повеќето соработници се противат на вашите идеи и волја, нема потреба упорно да инсистирате на вашите првични намери. Некој отворено ви дава до знаење дека нема да има премногу разбирање за вашите барања или нови пропусти. Делувате вознемирено, па поради тоа лесно ви е да обвините некој друг за вашата емотивна состојба.

Јарец (22.12 – 20.01)

Важно е да поставите јасна граница меѓу личните и заедничките интереси. Новата отстапка можете да ја направите под услов и останатите соработници да го испочитуваат својот дел од обврските. Важно е да се прилагодувате за зачувување на индивидуалноста. Партнерот на одреден начин ја искушува нашата наклонетост, поради тоа потрудете се да ги согласите заедничките интереси.

Водолија (21.01 – 19.02)

Нема причина да очекувате нови отстапки од личности кои не ги поддржуваат вашите бизнис ставови и цели за кои разговарате. Губите драгоцено време, непотребно инсистирате на вистината за која други не сакаат јавно да се изјаснат во ваша корист. Потребна ви е емотивна дискреција, бидете внимателни и избегнувајте авантуристички идеи.

Риби (20.02 – 20.03)

Доколку ве иритира нечие непрофесионално однесување, потрудете се да ги контролирате своите негативни импулси и избегнувајте потенцијално ривалство. Потенцирајќи ја работната конфронтација се создаваат и низа дополнителни проблеми. Искреноста пред саканата личност влијае на меѓусебното подобро разбирање. Можни се проблеми со грбот и зглобовите.