Запечено сирење од рерна, поубавo и од похованото: Рецепт за специјалитет кој се топи во уста

ИЗВОРНов Лист
|

Време е за ручек, па доколку сеуште не сте одлучиле што вкусно да направите денес и ви е смачено од едните исти јадења, имаме интересен предлог рецепт за вас.

Сите знеме дека едно од јадењата што сакаме да го правиме е пржено сирење, бидејќи рецептот е едноставен, а вкусниот ручек е подготвен додека да трепнете со окото. Сепак, сирењето од рерната го надминува похованото во сè.

Полесно е да се подготви, повкусно и посочно, па дури и по подготовката на ова јадење има помалку садови за миење. Ако сè уште не сте го пробале, сега е време да подготвите ручек според овој едноставен рецепт.

Состојки: 4 јајца, 2дл млеко, 4 лажици брашно, 1/4 лажица мелен бибер, 200гр павлака, 300гр рендан кашкавал, 100гр сирење и 50гр путер.

Подготовка: Изматете ги јајцата со миксер, додадете млеко и брашно и изматете сè заедно, па додајте бибер. Додадете павлака, рендан и кашкавал и сирење, и сè заедно добро измешајте, така што смесата убаво се меша.

Стопете 50 грама путер и истурете во огноотпорен сад, а потоа истурете ја смесата со сирење. Загрејте ја рерната на 180 степени и печете го садот 30 минути.

Послужете го со сезонска салата. Пријатно јадење!