Вагата е позната како знак на Зодијакот кој има високо развиени логички способности и може правилно и искрено да расудува. Меѓутоа, има уште многу работи што се непознати за Вагите, и е важно за подобро разбирање и создавање целосна слика за седмиот хороскопски знак по ред.
Вагите се стремат кон долги и значајни врски.
Ретко кој во знакот Вага ќе направи серија кратки врски што не доведуваат до нешто значајно. Вагите се подготвени да бидат трпеливи и да ја чекаат вистинската личност. Не очекувајте дека ќе бидат освоени од првата личност што ќе дојде и ќе покаже интерес.
Вагите имаат извонредна моќ на перцепција.
Често се случува Вагите да знаат многу повеќе отколку што покажуваат. Причината е што луѓето во знакот на Вага постојано го набљудуваат светот околу себе и „запишуваат“ во главите за се што гледаат. Тие се оние кои ќе се сетат на нештата што некој друг ги заборавил или ги занемарил. Тие имаат способност да читаат нечии мисли и намери уште пред да бидат изговорени.
Вагите можат да бидат непредвидливи.
Не е секогаш се во рамнотежа кога станува збор за Вагите. Бидејќи Вагите се воздушен знак, понекогаш може да бидат доста непредвидливи. Ќе ви се случи да помислите дека целосно сте ја разбрале личноста која е во знакот на Вага, а потоа веднаш ќе направи нешто што никогаш не би го очекувале. Сепак, таа непредвидливост и спонтаност ќе ве увери дека никогаш не ви е здодевно во друштво на Вага.