Еден од најбогатите Албанци во Македонија донираше десет амбулантни возила

ИЗВОРНов Лист
|

Десет амбулантни возила, комплетирани со медицинска опрема и апарати, се донираат во Здравствените домови во Македонија. Оваа донација има за цел да го зајакне болничкиот капацитет и да го зголеми квалитетот на услугите во секторот за итни случаи, кога потребите на населението за итна медицинска помош значително се зголемија.

Мило ми е што ја даваме оваа донација во овој временски период кога брзата реакција е многу значајна. Се надевам дека со овие десет амбулантни возила ќе обезбедиме помош за болниците, така што итните служби ќе бидат што е можно поефикасни наспроти барањата на населението и пациентите на кои им е толку потребна брзата помош, изјави сопственикот на компанијата Лазим Дестани.

Кога сме кај Дестани да кажеме дека тој важи ако не за најбогат, можеби за еден од најбогатите Албанци во Македонија чија компанија успешно работи ширум светот на неколку контитенти.Тој беше поврзуван и со можен кандидат за премиер на нашата држава, но тогаш децидно кажа дека политика не го интересира.

„Во оваа пригода, бидејќи моето име се споменува како кандидат за премиер, би сакал да посочам како што веќе кажав и претходно, дека покрај бизнисот останувам посветен и на филантропијата. Ангажман во политичкиот живот не бил и не е во моите планови и амбиции. Мојот придонес ќе остане во полето на економскиот развој и претприемништвото, нешто на што работев во текот на целата мојата кариера“,

Државниот секретар во Министерството за здравство, Иванка Стојановски и раководителите на Здравствените домови од Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга беа присутни на свеченоста за предавање на амбулантните возила. Болниците кои ќе ја користат оваа донација беа утврдени според прелиминарните консултации со властите на Министерството за здравство.