Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и ПОСВЕЖО, претпладнево со услови за локален краткотраен дожд. Попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со врнежи од дожд, локална појава на грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град. На некои места врнежите ќе бида ПОРОЈНИ и се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, особено попладне и навечер со повремени врнежи од дожд и услови за појава на грмежи, како и со засилување на ветерот. Максималната температура ќе се искачи до околу 25 степени.
Потоа утре и во четврток времето ќе биде претежно облачно и СВЕЖО за овој период од годината со повремени врнежи од дожд, кои локално и тоа особено во западните предели ќе бидат нешто ПОИНТЕНЗИВНИ, а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени. Во петок сеуште ќе има услови за локален краткотраен дожд, додека за време на викендот ќе има стабилизирање на времето и пораст на температурите на воздухот.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.