Овен (21.03 – 20.04)
Овие денови ќе ви се најават гости. Не сте многу расположени за дружење, но не можете да избегате од ситуацијата. Се работи за луѓе кои не сте ги виделе одамна и никако нема да можете да ги одбиете. Не ни треба да ги одбивате затоа што тие ќе ви понудат помош во врска со работата.
Бик (21.04 – 21.05)
Денешниот ден ќе ви донесе поголема креативност и затоа е добро денес да се осамите и да размислите за вашите идни потези. Размислете да вклучите и некој пријател во проектот. Неговиот совет добро ќе ви дојде. Прашајте го семејството што сака од вас во иднина, тоа искрено ќе ви одговори и ќе ве подржи во намерите.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Најважна ви е слободата и никому не му дозволувате да ве ограничи. Често пати поради тоа имате проблеми со партнерот кој едноставно не може да ве сфати. Денес по кој знае кој пат ќе сакате да му објасните дека ви е потребен простор и дека понекогаш сакате да бидете сами.
Рак (22.06 – 22.07)
Денес колегите ќе бидат изненадени од сериозноста на новата работа која ќе им ја предложите. Вие ги имате разгледано сите аспекти на планот и немате најдено ниеден недостаток. Со овој план ќе му докажете на вашето опкружување дека сте подготвени за нови почетоци и дека сте некој на кого ќе можат да се потпрат.
Лав (23.07 – 22.08)
Попладнето ќе имате интересен разговор со саканата личност. Многу ќе бидете изненадени од нејзиното размислување. Досега мислевте дека таа само сака да премости еден тежок период и не размислува за заедничка иднина. Меѓутоа, таа има сериозни планови. Ќе искусите голема среќа.
Девица (23.08 – 22.09)
Некои проблеми ќе бидат тешко решливи за вас. Највеќе ќе ве мачи помислата дека треба да смислите добра лага пред семејството. Тие во последно време го контролираат секој ваш потег и ги преиспитуваат вашите одлуки. Проблемот е во тоа што забележуваат дека се затворате во себе и не знаат што се случува со вас.
Вага (23.09 – 22.10)
Партнерот полека почнува да носи некои одлуки без да се консултира со вас. Вие бевте оптоварени со други работи и тоа не го забележувавте. Денес ќе потроши повеќе од што мислите дека треба и бурно ќе реагирате. Ќе му ставите до знаење дека вие сте тој којшто се грижи околу финансиите. Олабавете се со помош на вашето хоби.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Комплиментите што ги добивате ве наведуваат на погрешни емотивни очекувања. Одлично се снаоѓате во ситуација кога треба да се донесе важна одлука од заеднички интерес и затоа умеете правилно да се наметнете пред соработниците. Колку и да изгледа примамливо некоја понуда, размислете за последиците доколку ја прифатите.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Логично размислувате и лесно учите. Единствена маана ви е тоа што не можете да се концентрирате на една работа и не знаете да си ја распоредите енергијата. Денес ќе биде еден таков ден во кој нема да знаете што да почнете, а што да завршите. Денес само ќе се измачувате без да постигнете резултат.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе истражувате и ќе пребарувате по некои податоци за да дознаете информации за некои минати работи. Ова е период кога ќе се сретнувате со некои стари пријатели. Не преземајте нови проекти, туку размислете ги подобро идеите и случувањата кои ги имате во моментот.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ако имате намера денес да преземете некои акции во врска со работата, одложете ги. Особено не почнувајте ништо ново. Одложете ги плановите за некој нареден период. Идејата што ја имате, воопшто не е јасна и ќе морате повторно да размислите.
Риби (20.02 – 20.03)
Голем дел од проблемите се зад вас. Имате уште некои помали работи што треба да ги завршите за конечно да можете да здивнете. Затоа овој ден ќе го поминете во пријатна и опуштена атмосфера со саканата личност. Може да се случи и да отпатувате некаде каде што ќе можете да заборавите на се.