Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СВЕЖО, на повеќе места со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој особено Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено во доцните попладневни и вечерни часови, како и во теко на ноќта. Температурата ќе се искачи до околу 24 степени.
Потоа утре ќе се задржи претежно облачно и СВЕЖО време за овој период од годината со повремени врнежи од дожд. Локално, и тоа особено во западните предели врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен.
Во петок сеуште ќе има услови за локален краткотраен дожд, додека за време на викендот ќе има стабилизирање на времето и намалување на облачноста, како и мало покачување на максималните температури, додека наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат и до околу 0 степени.
Инаку досега најмногу дожд има наврнато во Струмица, и тоа 25 л/м2 воден талог, потоа во Гевгелија 18 л/м2, во Берово 14 л/м2 и во Скопје 8 л/м2 воден талог. На другите места врнежите беа со послаб интензитет.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.