Идеално предјадење: Посни ролати од смеса што не се пече (ВИДЕО)

ИЗВОРНов Лист
|

Не постои ништо подобро од превкусен ролат на трпезата. Денес ви презентираме неколку рецепти за ролати кои се прават од само една смеса со 4 состојки: 1200 грама компир, 250 грама посен мајонез, 400 грама крекери сол и 3 чешниња лук.

Начин на подготовка: Прво треба да ги излупите компирите и да ги сварите заедно со лукот. Не ја фрлајте водата затоа што во неа веднаш можете да сварите пченка (5 минути), а кога ќе ја извадите и пченката веднаш во истата вода згответе и спанаќ (5 минути), лукот извадете го. Врелите компири згмечете ги како за пире и оставете ги на страна малку да се изладат. Додадете мелени крекери, мајонез и со рака добро соединете ја смесата. Добивате околку 1500 грама смеса, така што за секој од ролатите ви е потребно по 500 грама.

Останатите состојки може да бидат по ваш вкус, ние ви предлагаме неколку комбинации:

1. 3 лажици ајвар (за смесата), 100 грама посен мајонез, 200 грама сварена пченка

Измесете го ајварот во смесата и добро развлечете. Измешајте мајонез и пченка, намачкајте, смотајте и оставете да се олади. Потоа, фино исечете го по желба и послужете.

2. 1 лажичка куркума (за смесата), 100 грама посен мајонез, 50 грама спанаќ, зачини по желба

Измесете ја смесата со куркумата. Помеѓу два листа хартија за печење добро развлечете ја, тргнете го горниот лист па филувајте со спанаќ кој претходно треба да биде исецкан и измешан со мајонезот и малку сол. Смотајте го со помош на листот за печење и оставете го еден ден да отстои.

3. 1 лажичка оригано (за смесата), 180 грама туна, 3 лажици кечап

Добро измесете ја смесата со оригано и како и претходно добро развлечете ја. Измешајте ја туната и кечапот, филувајте и смотајте. Оставете да се олади и исечете по желба.