Тест на личноста: Тоа што ќе го видите прво на сликата ги открива вашите најголеми маани

ИЗВОРНов Лист
|

Фотографијата пред вас е еден од најпознатите тестови за личност – погледнете ја сликата и прочитајте за тоа што сте го виделе прво.

Што забележавте прво?

1. ГОЛЕМО ЛИЦЕ НА ЦЕЛА СЛИКА

Не можете да се опуштите – Ако прво забележите големо лице на целата слика, имате навика секогаш да гледате на поголема слика во животот. Вие сте објективна личност и затоа често ви кажуваат дека сте бесчувствителни или дека немате емпатија, што не е точно.

Донесувате одлуки така што секогаш размислувате неколку чекори напред и не се оптеретувате премногу со ситници. Целта е секогаш во вашата глава, вие јасно знаете што сакате и се стремите кон тоа. Најголемиот недостаток: Честопати заборавате дека малите нешта го прават животот и не знаете како да се опуштите.

2. ДВA МАЖИ СЕ РАСПРАВААТ

Во сè наоѓате нешто лошо – Ако првото нешто што ве привлекува е борба помеѓу две лица, вие сте фокусирани на проблемот. Честопати можете да бидете песимисти и да направите мал проблем (во вашата глава) многу голема работа.

Сепак, вешти сте во решавање проблеми и одлично се снаоѓате во кризни ситуации затоа што не се плашите од конфликти и директни решенија. Најголем недостаток: Не знаете како да се фокусирате на позитивни работи. Во секоја ситуација ја наоѓате негативата и се обидувате да поправите.

3. ЦРВЕНА ЗАВЕСА

Вие сте лоши во кризни ситуации – Ако прво ја видовте завесата, вие сте непоправлив оптимист. Обрнувате внимание на деталите и генерално сте човек што може да помине покрај шумски пожар дури и без да го забележи, бидејќи вие ги гледате птиците како летаат цело време и мислите колку се убави.

Среќата е најмалиот детал, вие сте среќни по природа и секогаш сте личност на која се жалат сите ваши пријатели и бараат совет. Најголемиот недостаток: Поради толку многу фокус на деталите, не ја гледате поголемата слика. Добри сте во справувањето со луѓе, но лоши во кризни ситуации.