ДЕФИНИТИВНО НА СУШАТА И ДОАЃА КРАЈОТ! ОД ДЕНЕС МНОГУ ДОЖД И ГОЛЕМ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ

ИЗВОРНов Лист
|

Денес времето во Македонија ќе биде облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со врнежи од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Сепак најинтензивни врнежи ќе има во западните и во југозападните предели каде локално ќе наврнат дури над 50 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и значително постудено со врнежи од дожд кој повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.

Потоа и во следните денови времето ќе се задржи облачно и доста СВЕЖО за овој период од годината со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Не се исклучува можноста на највисоките планински места и за провејување на снег. Ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

И во Скопскиот регион во следните денови ќе се задржи облачно и доста свежо време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 15 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.