Кредитите и кредитните картички станаа наша слатка навика за финансирање на нашите потреби, желби и соништа. Практично, сите живееме живот на кредит. Но, дали сте пресметале колку изнесува Вашето кредитно задолжување? Колку Вашето семејство финансиски зависи од Вас?
Во најлош случај, дали на Вашето семејство ќе му оставите долг или наследство?
Ризико полисата за осигурување на живот на корисници на кредит, на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, овозможува максимална финансиска заштита за Вашето семејство.
Оваа полиса обезбедува отплата на кредитот во случај на рано заминување на кредитобарателот од страна на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, со истовремено целосно покритие во случај на рано заминување и на овој начин семејството на кредитобарателот не е дополнително оптоваренo со преземање на кредитните обврски, бидејќи истите во целост се покриени со полисата.
Сите корисници на кредит кои веќе имаат активен кредит во некоја од македонските банки, можат да ги осигураат своите моментални кредитни обврски со склучување на полиса во висина на неотплатен кредитен износ. Премијата за полисата зависи од Вашето кредитно задолжување, која може да изнесува и само 4 евра месечно.
Само финансиски одговорните луѓе се осмелуваат на кредитна изложеност. Покажете ја Вашата одговорност и финансиски заштитете го Вашето семејство.