Само капнувате и се е чисто – и најзамастените дамки ќе исчезнат од шпоретот со ова

ИЗВОРНов Лист
|

Ако не знаете како да излезете на крај со нечистотиите на шпоретот, маснотијата и сите валкани работи околу ринглите, ова е лекот за вас.

Ова средство е подобро од било кое од продавница, а нема хемикалии.

Ви требаат ситници кои дома сите ги имаме: памучна крпа, стара четка за заби и алкохол.

Ставете малку алкохол на крпата, па поминете по шпоретот, околу ринглите и рерната, па нека стои вака малку, а потоа истријте со четка за заби и повторно пребришете со крпа.

Трик ако ви претече млеко на шпоретот – Домот нема да замириса лошо
Се случува некогаш од невнимание да ви истече млеко на шпоретот, но има лесен и брз трик како да се спасите од лошиот мирис на загорено кој долго трае.

Се што треба е по шпоретот да ставите малку сол. Верувајте вака ќе се спасите од мирисот кој потоа долго трае.

Испечете риба без коски: Овој трик треба да го знаете
Има ли нешто позаморно од јадењето риба со милион мали коски?

Никој од нас не сака да ги вади ситните коски од печената риба. Па како да испечете риба без коски? Многу едноставно! Искористете го овој мал корисен совет. Овој рецепт е погоден за подготовка на разни видови риба со ситни коски.

Еве што треба да направите: Рибата исчистете ја од внатрешни органи. Потоа со остар нож внимателно направете бројни резови од двете страни, без да ги исечете главните коски.

Во внатрешноста на рибата ставете исечкани кругови кромид и ловоров лист. Извалкајте ја рибата во брашно и печете на средна температура. А каде се ситните коски? Тие веќе се пропржиле и омекнале во врелото масло, затоа и можете да ги изедете без да забележите. Пробајте!

Тестенините нема да се лепат по варењето – Има важен трик со цедењето
Кога варите тестенини, има едно важно правило да не се лепат, поврзано со цедењето.

Макароните, шпагетите или што и да готвите, веднаш се цедат во цедалка, бидејќи ако ги оставите во водата во која се вареле уште кратко, ќе се згуснат, набабрат и ќе се лепат.Следен пат пробајте вака. Уживајте!