УШТЕ ДЕНЕС ВО ПЛАНИНСКИТЕ РЕГИОНИ СО УСЛОВИ ЗА КРАТКОТРАЕН ДОЖД – ОД УТРЕ ЦЕЛОСНО СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО

ИЗВОРНов Лист
|

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од променлив правец. Особено во планинските региони ќе има услови за локален краткотраен дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 18 степени.

Потоа од утре па се до петок, под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.

Нова промена на времето, која ќе донесе нови врнежи од дожд, како и пад на температурите на воздухот се очекува за време на викендот.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.