Времето денес сончево со мала до умерена облачност, претпладне во западните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Од утре не очекува претежно сончево, во југозападните делови претпладне со зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
До петок ќе се задржи стабилно и потопло време. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на утринска магла, особено во четврток. Локални врнежи од дожд и заладување се очекуваат oд сабота.