Ако барате брз и вкусен ручек, кој не бара голем напор при подготовка а е превкусен и за целото ваше семејство, во продолжение ви претставуваме интересен и едноставен рецепт.
Пилешките стапчиња се совршени солени закуски што ќе го воодушеват вашето непце. Веројатно сте ги пробале во угостителските објекти и сте сакале да ги направите и дома, но не сте знаеле како.
Ова е омилен оброк за повеќето деца и највообичаен избор во рестораните, сепак, варијантата подготвена дома е далеку поздрава и подеднакво вкусна.
Маринадата направена од зачини по ваш избор и сенф ќе придонесе за подобар вкус на стапчињата. Можете да ги јадете сами, а исто така се одлични во комбинација со зеленчук на скара и помфрит.
Состојки: 600гр пилешко филе, 1 лажица сенф, 2 лажици масло, сол, бибер и зачини по желба.
За поховање: 3 јајца, 200гр презла, сол и масло за пржење.
Подготовка: Исечете го месото на ленти, потоа ставете го во сад и додадете сол, бибер, зачини по желба, масло и сенф и измешајте се добро, а потоа оставете го во фрижидер половина час.
Загрејте го маслото во длабока тава. Секое парче пилешко валкајте го прво во презла, потоа во јајцата што претходно сте ги измателе и на крај во сусамот.
Внимателно потопете го пилешкото во длабоко масло и пржете неколку минути од едната страна и неколку минути од другата, додека малку не порумени. Ставете ги пржените стапчиња на хартиена крпа за да се исцедат вишокот маснотии.
Послужете ги топли и уживајте во секој залак.