Доколку сте маж и го носите вашиот мобилен телефон во џебот од панталоните, или жена која го чува мобилниот во својот градник, веројатно мислите дека не правите ништо погрешно. Тоа што малкумина го знаат е дека постојат повеќе ризици од носењето на мобилен телефон близу вашата кожа.
Докторката Девра Дејвис е американски научник која со години ги проучувала ефектите на мобилната радијација. Мобилното зрачење е поврзано со различни форми на р*к и долгата изложеност на него може да доведе до нивна појава. Светската здравствена организација ги класифицира мобилните телефони, заедно со останатите бежични уреди кои користат микробранови, во 2B ризик групата, што значи дека тие се “можеби канцерогени за луѓето”.
Студија направена во Breastlink во Калифорнија открила силна врска помеѓу мобилните телефони поставени во градниците и развојот на р*к на гради кај младите жени. Биле испитани случаите на четири жени на возраст од 21 до 39 години кои развиле мулти-фокален инванзивен р*к на дојка. Се открило дека секоја од жените редовно го носела својот мобилен телефон во градникот секој ден по 10 часа, во период од неколку години. Секоја од нив развила тумори во областа каде им биле сместени телефоните. Интересно било тоа што жените немале семејна историја на р*к на гради, при тестирањето добиле негативни резултати за БРЦА1 и БРЦА2 гените кои што се поврзани со развојот на ракот на градите, и немале ниту еден познат ризик поврзан со р*к на градите.
Друго истражување покажало дека мобилните телефони не ги поштедуваат ниту мажите, односно дека зрачењето предизвикано од нив може да влијае врз плодноста. Студијата покажала оштетување на сперматозоидите кај мажите чие гениталии биле изложени на зрачењето на мобилниот телефон.
Зрачењето меѓу другото може да ја оштети ДНК-та и да го промени метаболизмот на мозокот. Истражувачите сметаат дека употребата на мобилните телефони може да придонесе за развој на депресија, дијабетес и неправилности при работата на срцето.
Како најдобро решение се препорачува телефонот да го чувате во вашата чанта или јакна.