Омилениот есенски десерт: Домашно пире од костени

ИЗВОРНов Лист
|

Домашните верзии на костеново пире се најдобри, а основниот рецепт е неочекувано едноставен. Само додајте малку шлаг и уживајте!

СОСТОЈКИ: 350 гр излупени костени, 1,5 мала шолја вода, 100 гр шеќер и екстракт од ванила.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Испечете ги костените во печка на 200 степени околу 20 минути. Претходно засечете на секој костен знак „Х“

.

Излупете ги иставете ги во тава со вода, шеќер и ванила. Гответе мешајќи околу 25 минути. Измешајте во блендер и ставете во тегла.