Брзо, лесно и вкусно: печени пиперки со лук и магдонос, мезе за мерак

ИЗВОРНов Лист
|

Рецепт кој многу често се подготвува на нашите простори. Ако имате мерак за мезе, добро е да се запознаете со овој стар, проверен и одличен рецепт.

– Свежи пиперки (по можност црвени како за ајвар), Магдонос, Лук, Сол, масло и оцет.

Црвените (а може и зелени) пиперки измијте ги. Потоа испечете ги во рерна на 200 степени, 25-30 мин или ако сте „похрабри“ на плотна или скара. Откако ќе ги излупите, исецкајте ги, додадете ситно сецкано лукче и магдонос. Измешајте и зачинете по вкус со масло и оцет (ние преферираме комбинација на обичен и балсамико оцет).

ПС Не заборавајте и убаво сирење и пијалок по желба.