Забавен тест: Проверете дали размислувате како маж или како жена?

ИЗВОРНов Лист
|

Научниците тврдат дека мозокот кај 15-20% од мажите функционира како да е женски, а 10% од жените размислуваат на машки начин. Постојат голем број тестови на личноста што можат да ви помогнат подобро да се запознаете себеси и да ја откриете непознатата страна на вашиот карактер. Следниов тест ќе ви помогне да дознаете дали размислувате како жена или како маж. Бележете некаде на страна колку одговори имате под А, Б и В и почнете со решавање…

1. Дали се снаоѓате кога читате мапи? А) Не се снаоѓам баш најдобро и често барам помош од случајни минувачи. Б) Мапата ја гледам во насоката во која одам. В) Немам проблем со читање мапи.

2. Кога сте во кино, најмногу сакате да седите… А) На десна страна. Б) Каде било. В) На лева страна.

3. Кога ќе чуете добра песна за прв пат… А) Без проблем помните барем еден дел од неа. Б) Ја помните само ако е едноставна. В) Брзо ја заборавате.

4. Како реагирате кога ќе ви заѕвони телефонот, а вие подготвувате ручек и слушате радио? А) Не го исклучувате радиото и се јавувате на телефон. Б) Ја прекинувате започнатата работа, го стишувате радиото и одговарате на телефонскиот повик. В) Го одбивате повикот, бидејќи не можете да го прекинете тоа што сте го започнале.

5. Се наоѓате на непознато место и некој ве прашува каде е север. А) Одговарате дека не знаете. Б) Погодувате, бидејќи не сте сигурни. В) Му ја покажувате насоката.

6. Двајца ваши пријатели започнале тајна врска. Вие тоа… А) Веднаш го откривате. Б) Го забележувате после некое време. В) Воопшто не го забележувате.

7. Што ви е важно во животот? А) Да бидете опкружени со луѓето кои ве сакаат и почитуваат, Б) Да бидете независни. В) Да бидете многу успешни.

8. Никаде не можете да го најдете вашиот приврзок со клучеви. Како реагирате? А) Се откажувате од потрагата и мирно почнувате да правите нешто друго. Б) Правите нешто друго, но постојано размислувате за тоа каде сте ги оставиле клучевите. В) Продолжувате нервозно да ги барате.

9. Штотуку сте биле во кино и сте гледале одличен филм. Додека се враќате дома… А) Се потсетувате на најдобрите сцени од филмот. Б) Разговарате со пријателите за филмот и го анализирате. В) Цитирате монолози од филмот.

10. Што може најмногу да ве изнервира кога се карате со некого? А) Молчењето на соговорникот и одбивањето да го продолжи разговорот. Б) Фактот што не сака да ги согледа работите од ваш агол. В) Неговите дрски коментари.

11. На деловниот состанок сте запознале најмалку 7 луѓе. Вие ги запомнивте… А) Лицата на сите тие луѓе. Б) Лицата и имињата само на неколкумина. В) Имињата на сите луѓе кои самошто сте ги запознале.

12. Вашата најдобра пријателка има голем проблем и сака да разговара за тоа со вас. А) Вие внимателно ја слушате и полни сте со разбирање. Б) Ја убедувате дека тоа и не е толку голем проблем. В) Ѝ давате практични совети како да го реши проблемот.

13. Кога некому ја објаснувате вашата нова идеја… А) Со задоволство користите пенкало и лист. Б) Користите гестикулации. В) Се обидувате да бидете многу концизни и јасни.

14. На крајот од денот обично… А) Разговарате со пријателите и семејството во врска со тоа како ви поминал денот. Б) Со задоволство ги слушате другите. В) Читате весници, гледате телевизија.

15. Важните одлуки ги донесувате… А) Потпирајќи се на интуицијата. Б) Врз основа на достапните информации. В) Врз основа на факти и статистички податоци.

РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТОТ: Соберете го бројот на освоени поени. Одговор под А = 20 поени, Одговор под Б = 10 поени и Одговор под В = 5 поени.

Од 300 до 150 поени – Вие имате женски мозок. Интелигентни сте, самоуверени и рационални, но вешто го криете тоа зад вашиот нежен и женствен изглед. Знаете како да ги користите зборовите, креативни сте и имате уметничка страна. При донесувањето важни одлуки најчесто се потпирате на познатата женска интуиција кога никогаш досега не ве изневерила.

Од 75 до 150 поени – Се прилагодувате. Одлично се снаоѓате и во женскиот и во машкиот свет и имате многу пријатели од двата пола. Знаете да ги сослушате соговорниците, сочувствувате со пријателите во неволја, но истовремено можете да понудите конкретни решенија за проблемите. Вие сте снаодливи, прилагодливи и флексибилни.

Помалку од 75 поени – Размислувате како маж. Вие навистина размислувате како маж. Поседувате изразени логички и аналитички способности, храбри сте, амбициозни и имате развиен натпреварувачки дух. Вие сте одлучни, дисциплинирани и организирани, што особено го ценат вашите претпоставени.