Рецепт од нашите баби стар 50 години: Кремаст и вкусен сутлијаш

ИЗВОРНов Лист
|

Не постои човек што не ужива во јадењето на прекрасен сладок десерт, па нема посебно време кога тој треба да го јадеме… Секогаш е вистинско време да се почестите со вкусен десерт. Во продолжение прочитајте го рецептот од нашите баби за подготовка на сутлијаш:

Состојки: 100 г ориз, 750 мл млеко, 4-5 лажици шеќер и прстофат сол

Приготвување: Сварете го оризот во вода три минути, а потоа исцедете го. Во млекото додајте прстофат сол и ставете го да зоврие.
Додајте го оризот и загревајте на тивок оган додека оризот не го впие млекото, немојте да мешате. Во варениот ориз додајте шеќер и внимателно промешајте за да останат зрната цели.

Вкусен десерт: Направете мафини со банани
Неодоливи мафини со банани – брзи и вкусни… СОСТОЈКИ: 3 зрели банани 60 мл масло или растопен маргарин 100 гр шеќер 250 гр брашно 1 лажичка сода бикарбона 1 лажичка сол 150 гр иситнети ореви НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Загрејте ја рерната на 180 степени. Подгответе калап за 12 мафини и секоја дупка премачкајте ја тенко со масло.

Во сад за мешање изгмечете 3 банани со вилушка па додајте масло и шеќер па измешајте. Во друг сад измешајте брашно, прашок за печиво и сол па во мешавината додајте банани. Лесно, рачно измешајте состојките да се соединат.

Доколку сакате да додадете иситнети ореви, додајте ги па измешајте уште еднаш. Со лажица распоредете ја смесата рамномерно во калапите за мафини. Испечете и послужете.

Уживајте!