Моментот кога пристигнуваат месечните сметки за струја веројатно ви се крева косата, особено во зимските месеци. За среќа, благодарение на примената на овие неколку едноставни трикови, сумата на сметките можете значително да ја намалите.
Изберете го вистинскиот сад за готвење
Металните садови брзо се загреваат, но и брзо се ладат. Затоа пак керамичките садови одлично ја задржуваат топлината, па на овој начин можете да го скратите времето потребно за подготовка на готвената храна.
Добро исчистете ги пеглата и рерната
Кога се валкани, овие уреди работат помалку ефикасно, па затоа грижете се секогаш да бидат чисти. Нечистотијата на пеглата лесно можете да ја отстраните со паста за заби, а кога ја чистите рерната обрнете особено внимание на вратичката на рерната.
Одмрзнете го замрзнувачот
Што повеќе мраз во замрзнувачот, толку повеќе енергија ќе му биде потребна за да ја постигне соодветната температура. Кога ќе забележите дека се направило многу мраз, веднаш одмрзнете го фрижидерот.
Одржувајте ги радијаторите
Се работи за испуштање на вишокот воздух со цел радијаторите да можат да греат до максимум. За ова ви треба посебен клуч или шрафцигер.
Наполнете го фрижидерот со шишиња вода
Не отворајте го често фрижидерот бидејќи така влегува топол воздух во него. Но, ако фрижидерот е полн, на ладниот воздух ќе му треба повеќе време за да избега.