Како да ги направите највкусните женски коктели?

ИЗВОРНов Лист
|

Дали сте подготвени за вкусни коктели кои можете многу лесно да ги направите? Набавете ги потребните состојки, повикајте ги вашите пријателки и забавувајте се!

1. Ooh La La (У ла ла) Не толку јак коктел со блага розова боја, соодветен за во друштво со најблиските пријателки. Коктел за оние со изразена женственост.

Состојки: 15 мл вотка со вкус на лимон 10 мл Triple Sec (жесток, но и сладок ликер со вкус на портокал) 30 мл џус од ананас 30 мл Спрајт половина свежо исцеден лимон 1 лажичка ликер Grenadine 1 резанка лимон за декорација 1 марачино цреша 2. Cosmopolitan (Космополитски) Типичен женски коктел, чие потекло датира уште од 1970-те години. Основна состојка е вотката, а пожелно е да одберете „Absolut Citron“. Постојат повеќе варијанти за негово приготвување. Некои ставаат помалку сок од боровинка, други наместо сок од брусница користат сок од лимон. На вас останува сами да го одберете вашиот омилен вкус.

Состојки: 45 мл вотка 30 мл ликер Cointreau или Triple Sec (жесток, но и сладок ликер со вкус на портокал) 15 мл сок од зелен лимон 10 мл сок од брусница или боровинки тенко парче лимон за декорација (пожелно е зелен лимон) или парче портокал 3. Pink Lady (Розова дама) Класичен коктел чија основна компонента е џин. Тоа е еден од првите женски пијалаци, кој бил конзумиран од припаднички на високите слоеви во текот на 30-те години. Карактеристично за овој коктел, како и за секој друг кој содржи јајце, е тоа што се меша подолго од останатите коктели, со цел добро да се соединат состојките. Исто така, белката од јајце создава пенлив врв на розовиот коктел како одличен завршеток. Затоа не ја прескокнувајте оваа состојка.

Состојки: 45 мл џин 20 мл Applejack 10 мл свежо исцеден сок од лимон 3- 6 капки од сирупот Grenadine 1 белка од јајце 1 марачино вишна за декорација (засладена вишна во сируп од шеќер и потопена во боја за храна) 4. Pink Lagoon (Розова лагуна) Ова е нешто што потсетува на летна авантура па додека да дојде летото, научете како да го подготвувате и станете вистински мајстори. Клучно е да ги употребите истите пијалаци кои се наведени во потребни состојки. За декорација земете овошје по ваш избор, или пак украсете го со разни украси за летни коктели.

Состојки: 60 мл Palm feni 3 капки сируп од малини 3 капки зелен лимон измешан со шеќер 5. Midnight rose cocktail (Полноќен розов коктел) Заводлив коктел со овошни компоненти. За украсување на коктелот, одберете било какво овошје со црвена или розова боја.

Состојки: 30 мл ликер Advocaat 15 мл ликер од јагода 15 мл ликер од цреши 30 мл крем (блага хопла) 6. Frozen pink lemonade (Замрзната розова лимонада) Освежителен коктел со вкус на лимонада и ниска количина на алкохол. Доколку ја одберете вистинската декорација, коктелот ќе изгледа феноменално, но исто е многу важно да ја одберете вистинската пригода и да го конзумирате со добро друштво.

Состојки: 45 мл вотка со вкус на лимон 1 лажичка шеќер 5 мл свежо исцеден лимон 5 мл сируп Gernadine кршен мраз Начин на подготовка на коктелите: Потребните состојки истурете ги мешалка за коктели заедно со една или неколку коцки мраз (зависно од количината на другите состојки, по можност кршен мраз), мешајте долго и приготвениот коктел сипете го во коктел-чаша. За попрецизно мерење, имајте во предвид дека 30 мл се колку малечка чашка за ракија. Дадените состојки се доволни за една чаша коктел. Колку поинтензивна розова боја ќе добие коктелот, зависи од сирупот кој ќе го додадете. Одберете соодветна декорација овошје, цвет или нешто слично, и уживајте сами или со добро друштво.