Секоја домаќинка има свои трикови и тајни за одржување на ред во домот, но никогаш не се на одмет плус советите
Дали и вие се мачите по секое перење да ги исчистите влакната кои се лепат на облеката и трошите уште толку време на нивно отстранување иако сте ја испрале облеката? За среќа, постои решение за овој проблем, а трикот е во обичните влажни марамчиња.
Како функционира трикот со марамчињата?
Земете неколку обични влажни марамчиња и ставете ги во машина заедно со облеката за перење. За време на перењето, марамчето ќе се врти на различни страни и ќе ги собира малите влакна од коса, крзно или волна на себе. Така, облеката ќе излезе чиста, а марамчето ќе ги соберете сите несакани влакна кои остануваат на облеката.
Како да одберете марамчиња?
Обрнете внимание на неколку правила за најдобар ефект:
Марамчето треба да е од поцврстите за да не се искине Не ги бирајте марамчињата со силни ароми Не користете двапати исти марамчиња
Посебно добри се антибактериските марамчиња Не користете повеќе од 2-3 марамчиња на едно перење
Други трикови за ефективно перење на облеката:
Ставете 2 таблети за машинско перење садови во машината за облека и пуштете ја празна на 60˚С за одвреме-навреме да ја прочистувате од бактерии и нечистотии. За да им ја вратите белината на работите, додадете неколку таблети аспирин. Ставете неколку коцки мраз во машината за да се измазнат гужваните делови од облеката.