Италијанскиот шеф на кујна Масимо Бијанчи го открил својот рецепт за совршена паста карбонара со назнака дека најважно е јадењето да го јадете веднаш штом ќе го направите.
За да ја направите највкусната паста карбонара потребни ви се само 5 состојки:
– 100 грама панцетa;
– 3 јајца;
– 500 грама шпагети;
– 25 грама пармезан;
– 25 грама тврдо италијанско сирење пекорино.
Од зачини потребно ви е само маслиново масло и бибер по вкус.
Се зачинува со пржење на панцетата во маслиновото масло. Одвојте ги белките од жолчките од јајцата па жолчките ставете ги во чинијата со 25 грама пекорино и 25 грама пармезан. На оваа смеса додадете бибер по желба.
Шпагетите обарете ги во посолена вода, а по варењето сочувајте малку од водата која ќе ја додадете во смесата со жолчките, сирењето и панчетата доколку ви изгледа дека се премногу суви.
Сервирајте веднаш.