Овен (21.03 – 20.04)
Сакате да оставите одличен впечаток на работното место, но некако без труд, а тоа не е можно. Брзо ќе бидат прочитани вашите намери. Саканото лице или ќе ве изненади или пак ќе ве разочара со некоја негова постапка.
Бик (21.04 – 21.05)
Сметате дека на работното место можте да постигнете многу поголем успех од тој во моментов, но некако ве зафатила мрзата. Потрудете се да ја елиминирате. Кон саканото лице потребно е само да бидете понежни и повнимателни, сето друго само ќе се оствари.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Денес ќе заглавите со некоја работна задача, а тоа ќе ве извади од колосек. Без да се нервирате и навредувате се околу себе, обидете се да ја поправите почетната грешка, концентрирајќи се дури и на најситните нешта. Во љубовта се е како подмачкано.
Рак (22.06 – 22.07)
Збунети сте поради некои ваши финансиски грешки, некако не можете да се снајдете најдобро кога станува збор за ова поле. Без грижа, се ќе дојде на свое месо. Можно е саканото лице да нема доволно доверба во вас, па покажете му дека греши.
Лав (23.07 – 22.08)
Сакате да оставите одличен впечаток на работното место, но некако без труд, а тоа не е можно. Брзо ќе бидат прочитани вашите намери. Саканото лице или ќе ве изненади или пак ќе ве разочара со некоја негова постапка.
Девица (23.08 – 22.09)
Некои работи не се одвиваат онака како што сте планирале, до крајот на денот сепак ситуацијата ќе се заврти во ваша корист. Не би требало да се расправате, премолчете некои нешта. Во љубовта ве очекува иритантна одлука од страна на партнерот.
Вага (23.09 – 22.10)
На работа не ве очекува некој претерано напорен ден. Може да се каже дека се ќе оди со забавено темпо. Конечно ќе излезете од монотонијата и ќе ги подобрите односите со вашиот партнер, кој инаку премногу ве сака.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Можно е во текот на денешниот ден да имате многу деловни обврски кои ќе земат поголем дел од вашата енергија. Недоволно ги покажувате емоциите кон саканото лице па тоа ќе ви замери. Внимавајте и пазете се од кражби, можно е да бидете ограбени.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денес ќе ја работите работата која ви одговара и одлично ќе се чувствувате поради тоа. Многу ваши соработници инспирацијата ќе ја пронајдат токму во вас. Не ви е лесно отворено да ги покажете емоциите, па затоа можно е да наидете на ладен однос од партнерот.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе имате некои нејаснотии во комуникацијата со колегите, некои ќе ви одат на нерви. Ако се потрудите и бидете доволно чесни, ќе ги надминете несогласувањата. Ќе запознаете некоја интересна личност во вашето опкружување.
Водолија (21.01 – 19.02)
Среќата оди во ваша насока, така што, некои работи кои сте ги посакале од поодамна можат да станат реалност. Вашиот сомнеж би можел да го наруши добриот однос со партнерот. Потрудете се да ги надминете караници со саканата личност.
Риби (20.02 – 20.03)
Ви недостасува трпение, а на вашиот партнер храброст да се соочи со заедничките проблеми. Смирете ги заедничките страсти. Се обидувате да одложите една средба, но тоа е само привремено решение. Соочувањето со вистината ви носи психолошко олеснување. Можни се болки во мускулите. Не се преморувајте.