Знакот кој се издвојува најмногу од сите останати, е Девицата. Таа не сака да биде лидедр во ништо и знае да се радува дури и на најситната работа, поради тоа се и единствени. Имаат свој став, искрени се, никогаш не играат валкано и секогаш се спремни да помогнат.
Тие не се премногу интензивни затоа што не сакаат сè или ништо. Најважно им е во животот да имаат луѓе на кои може да сметаат, а материјалното не ги интересира премногу. Сакаат удобен живот како сите, но љубовта им е најважна. Секогаш отворено ќе ги покажат своите чувства, но пред тоа мора да добијат јасен сигнал од другата страна, бидејќи не сакаат ризици.
На Девиците може да им ја доверите секоја тајна без страв, бидејќи никогаш нема да го направат она што не сакаат другите да им го направат ним. Сепак, тие сами не им веруваат на другите и многу се внимателни.
Кога ќе се заљуби, Девицата е многу верна и лојална, а мали се шансите дека ќе изневери, но и на другата страна да ѝ прости неверство.