Шилегов замина со стил – Со цвеќе ѝ ја предаде функцијата на Арсовска

ИЗВОРНов Лист
|

Од денеска официјално Даниела Арсовска е новиот градоначалник на Град Скопје и таа е првата жена која ќе го раководи главниот град од осамостојувањето на Македонија.

На првиот работен ден како градоначалничка на Скопје, Арсовска не сакаше да дава изјави за медиумите, но рече дека во среда ќе има брифинг со новинарите.

Шилегов, пак, откако ѝ подари букет на новата градоначалничка, рече дека ја запознал Арсовска со основните работи кои се важни за функционирањето на Градот.

Јас очекувам дека бргу ќе се запознае со проблематиката во градот која е комплексна во многу сфери, меѓутоа екипата што остана овде е сериозно професионална и очекувам дека ќе и помогнат да има успешна работа – изјави Шилегов.