Италијанскиот бенд кој се прослави со победата на Евровизија, последните неколку дена е во Америка каде беа предгрупа на легендарните „Ролинг стоунс“, а потоа настапија во шоуто на Елен Деџенерис и го отпеаја актуелниот хит „Beggin“.
Нашите следни гости се неверојатниот италијански рок бенд чија музика е емитувана над 3 милијарди пати“, рече таа. „Тие штотуку отворија за „Ролинг стоунс“. Тие се неверојатни. Изведувајќи ја нивната песна број 1 „Beggin“, изјави Елен.
Пејачот на сцената се појави во комбинезон со светки, а неговите обожаватели коментираа дека тој се однесувал невообичаено на сцената.
„Никогаш не сум го видел Дамиано толку исцрпен, се надевам дека е добро“, „Изгледа му снема енергија“, „Изгледа целосно исцрпено“, „Да, рече дека му треба пауза“, гласат дел од коментарите.