Taa му е најголемата поддршка – Д-р Александар Стојкоски, градоначалникот на Ѓорче ја покажа сопругата

ИЗВОРНов Лист
|

За д-р Александар Стојкоски, новиот градоначалник на Ѓорче Петров, познато дека е доктор радиолог на Институтот за радиологија во рамки на Клиничкиот центар. Тој е долгогодишен член е на Општинскиот комитет и воедно е и поранешен пратеник на Собранието и член на Советот на Општината.

Сакам да упатам јавна благодарност до сите физички и правни лица, како и до мојот предходник Наумоски за заложбата семејството Петровиќ да добие подобри услови за живеење и нега на своите деца, вели Стојкоски.

Тој вели дека неговата љубов е спортот, планинарењето, велосипедизмот. Тој е сопруг и татко на две деца. Неговата сопруга се вика Елена и тој вели дека таа е неговата најголема поддршка.

На Фејсбук профилот има доста слики од заедничките излети со семејството, што значи дека и таа е вљубеник во природата и во планините.

Стојкоски во една прилика на Фејсбук ја покажа и својата мајка пишувајќи:

Една е мајка, Борбата продолжува. Јулијана Стојкоска исто така била докторка, а љубовта кон медицината синот од неа ја има наследено.