Ураганката во прегратка на фудбалер – Ќутеше за новото момче, а сега заедно ја слават победата и роденденот – Прва заедничка фотографија

ИЗВОРНов Лист
|

Атрактивната членка на групата „Ураган“, Сања Вучиќ не сакаше да открие кое е нејзиното ново момче, а веќе подолго време се шпекулира дека срцето и го освоил фудбалерот Немања Гудељ.

Иако пејачката своевремено изјави дека се само пријатели, со фотографијата што ја објави по победата на српската фудбалска репрезентација во Лисабон ги подгреа сомнежите дека меѓу нив има нешто повеќе од тоа.

Покрај победата и заминувањето во Катар следната година, Сања и Немања прославија роденден, а таа јавно му честиташе по овој повод.

Атрактивната ураганка на Инстаграм објави слика на која позира со фудбалерот, а ова е нивна прва заедничка фотографија иако редовно оставаат коментари и срца.

Да потсетиме, Сања претходно беше во врска со поранешниот учесник на Задругата, Никола Ѓорѓевиќ, кој по нивното раскинување влезе во реалното шоу.